
Доктор по естетска медицина со над 17 години професионално искуство.
Високо сертифициран специјалист за најнапредни техники во областа на дермални филери, ботокс, Radiesse, ласерски третмани и други современи естетски процедури. Поседува длабоко медицинско знаење, исклучителна прецизност и индивидуален пристап кон секој пациент, со фокус на природни, безбедни и долготрајни резултати.
Постојано ја унапредува својата стручност преку редовно учество на меѓународни обуки, конгреси и професионални едукации, следејќи ги најновите светски стандарди и иновации во естетската медицина. Има богато меѓународно искуство и работела како тренер за инjекциони техники во Украина, обучувајќи лекари и специјалисти на високо професионално ниво.
Препознаена по својата експертиза, професионална етика и посветеност кон врвен квалитет и континуиран развој.

Рената Вегова - дипломиран Marketing Manager и PR во клиниката New 20's. Нејзиното образование и професионален пат кој веќе 10 години се уникатна комбинација од маркетинг и медицинска струка, и овозможува целосно и автентично да ја претставува клиниката и нејзините услуги. Покрај дипломата по маркетинг, има завршено медицинско образование – дипломирана и сертифицирана медицинска сестра, со комплетни сертификати за сите третмани кои се изведуваат од страна на медицинската сестра во нашата клиника. Ова и дава длабоко разбирање на медицинските процедури, протоколи и професионалниот пристап кон пациентите. Во клиниката New 20's е задолжена за сите активности од областа на маркетингот и ПР, вклучувајќи:
Нејзина предност е што маркетингот го работи одвнатре, со медицинско знаење, етика и одговорност. Верува во едукација, транспарентност и доверба, а нејзината цел е клиниката да биде препознаена по професионалност, квалитет и современ пристап.
Со постојано усовршување во областа на маркетингот и нејзиниот креативен пристап, секојдневно работи на тоа New 20ʼs да биде повеќе од клиника.

Алмира Несими е медицинска сестра со високо образование во клиниката NEW 20's.
Со комбинирање на медицинска стручност и естетска прецизност, таа нуди индивидуално прилагодени третмани со фокус на безбедноста, квалитетот и природните резултати. Специјализирана за озонотерапија, интравенски инфузии, мезотерапија и PRP третмани, Алмира внимателно пристапува кон секој пациент, создавајќи чувство на доверба и сигурност уште од првата консултација. Нејзината цел е секој пациент да добие персонализирана нега и видливи, долготрајни резултати.
Нејзиниот професионален пат вклучува и интензивно клиничко искуство во офталмологија и неонатологија – интензивна нега, области во кои се бара исклучителна стручност, смиреност и одговорност.
Токму ова искуство ѝ овозможува на Алмира да пристапува кон секој пациент со високо ниво на сигурност, прецизност и целосна посветеност.
Како главна медицинска сестра, таа активно учествува во унапредување на квалитетот на услугите, одржување на високите професионални стандарди и создавање пријатна, модерна и безбедна средина за пациентите во клиниката NEW 20's.

Валмире Абдиова - дипломирана медицинска сестра со завршено високо образование, како и сертифицирана медицинска сестра во областа на естетската медицина.
Дел од професионалниот тим на естетската клиника New 20's, каде што секоја процедура се изведува со максимална прецизност, апсолутна сигурност и софистицирана естетика.
Во рамките на клиниката, изведува внимателно избрана палета на ексклузивни третмани, вклучувајќи озонотерапија, интравенски терапии, професионални и медицински пилинзи за лице, anti-age третмани, како и ласерски технологии за епилација, следејќи ги најсовремените и најбезбедни протоколи на модерната естетска медицина.
Од најмалиот детал до финалниот резултат, секој чекор се реализира со апсолутна посветеност и највисоки стандарди на естетска нега. Искуство, сигурност и професионалност во секоj третман.

Сања Димева – е дипломиран козметички техничар која е дел од клиниката New 20's уште од самото нејзино отворање и навистина ни е чест и задоволство што е дел од овој професионален тим. Во клиниката е за да одговори на повиците од нашите почитувани клиенти, да ги информира и советува за услугите кои ги нудиме, како и да помогне при закажување на нивниот термин. Покрај тоа, задолжена е за третманите на тело, каде што со помош на нашите најсовремени апарати, со внимание и стручност, работиме на постигнување на посакуваниот изглед и подобрување на самодовербата. Со многу љубов, посветеност и внимание ве пречекуваме во нашата клиника и искрено се радуваме на резултатите и успесите кои ги постигнуваме заедно со нашите клиенти.